Принципот на „поправка“ со удирање бил применет на амбулантното возило на фудбалското дерби во Бугарија помеѓу ЦСКА Софија и Славија (3:2).
Многумина беа загрижени откако при судир со противнички играч се повреди голманот на домашните Славија, Георги Петков.
Имено, голманот врескаше од болки, а повредата делуваше многу сериозна. И додека таа сцена изгледаше ужасно, многумина беа зачудени од друга ситуација.
Возилото на Брзата помош влегло на теренот, повредениот голман бил префрлен на носилки, но вратата од комбето не сакала да се отвори.
Четири минути им биле потребни да го изнесат голманот од теренот, а се обиделе на сите начини да го направат тоа.
Проблемот бил решен на класичен балкански начин. Еден од возачите ја шутнал вратата, конечно се откачила бравата, па ја отвориле.
Трагикомичниот момент можете да го забележите од 3-тата минута на видеото.