“До 2005 година и немаше политичка волја да се води борба против корупцијата. И сега се откриваат и случаи пред 2005 година “, изјави поранешниот претседател на Романија Трајан Басеску.
“Корупцијата во земјата започна заедно со транзицијата, беше исклучително силна и никој не се бореше со неа до 2005 година, но не можеме да кажеме дека токму оваа година е годината во која почнавме да се бориме против корупцијата, тогаш почнавме да создаваме институциите кои ќе се борат против неа “, додаде Басеску.
Поранешниот романски претседател Трајан Басеску очекува против него да бидат започнати 60-80 кривични дела, пренесува БТА.
Во телефонско обраќање , синоќа Басеску, кој беше претседател на Романија од 2004 до 2014 година, изјави дека кога го завршил мандатот како градоначалник на Букурешт и станал претседател, против него имало околу 700 жалби од иматели на национализиран имот или од ситни бизниси на кои градот им ги уништил магацините.
– Ако сум го прекршил законот ќе одговарам, но јас сум убеден дека сум постапил правилно и со почитување на законите, изјави Басеску, нагласувајќи дека за тоа ќе реши судот.
Поранешниот претседател иронично ги коментира истрагите, што обвинителството повторно ги започна за закупен од него апартман во Букурешт во време, кога тој бил градоначалник.
– Се разбира поважна е ситуацијата со еден стан, отколку како починале над илјада лица за време на револуцијата во Букурешт. Господин Тибериу Ница е многу позасегнат од куќата, отколку од тоа како умреле луѓето за време на револуцијата, коментира Басеску.