Пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов на дебатата со корисниците на социјалните медиуми , изјави дека се залага 6 месеци пред секои избори, било да се предвремени или регуларни, технократи да ги водат полицијата и министерствата за труд и социјала и за финансии.

Трајанов ова го предлага како промена на системот во Македонија, и тоа во иднина да се однесува за сите изборни процеси.
Во истите системски промени тој се залага и за една изборна единица за целата држава , што според него ќе придонесе кон вистинска демократизиација на општеството, поширока вклученост на различни политички субјекти , поголема конторла и конкуренција на политичките елити . Трајанов смета дека една изборна единица би вклучила повеќе квалитетни луѓе и политики и на тој начин би се избегнувала доминација и привилегија на само две партии, доминација и моќ во неколкумина луѓе, кои евидентно од позиција на власт често ја доведуваат државата до политички кризи.
Тој за моменталната политичка криза на дебатата на Нова ,смета оти власта предводена од Никола Груевски нема да прифати преодна влада.