Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов вечерва информираше дека премиерот Зоран Заев ги собрал коалициските партнери на разговор околу кадровските решенија во новата влада и текот на разговорите со Алтернатива.
-Немаше некоја посебна расправа или развиена дебата. Премиерот зборуваше и за спорот со Бугарија, рече Трајанов во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.
Според него, спорна е точката околу меѓународна истрага за некои судски процеси.
-Ова не може да биде предмет на договор. Алтернатива бара некаква амнестија и тука не смее да стане збор. Диво насеље е терористички акт, а Монструм двапати се судеше, потенцира Трајанов.
Тој смета дека би дошло до нарушување на односите, поради тоа што би имало 3 потпретседатели на Владата и 7 министри од албанска националност.
-Владата не треба да биде фактор на дестабилизација. Повеќе министерства без ресор е несоодветен, вештачки потег. Се плашам за негативна рефлексија врз меѓуетничките односи, потенцира Трајанов.