Демократскиот сојуз смета дека во рамки на разговорите за реформа на медиумската сфера, неопходно е да се разработи концепт за целосна трансформација на Македонската радио телевизија, користејќи ги светските искуства, при што државната радио и телевизија да прераснат во модерни информативни медиуми и да се обезбеди стабилно финансирање, главно преку Буџетот.
За Рилкоски спорен е легитимитетот на ДИК, Ибраими не сака да образложува, Срцев го нема…
– Во услови на голем број на медиуми (радио и ТВ станици), граѓаните не треба да плаќаат радиодифузна такса. ДС смета дека нема потреба граѓаните и компаниите и понатаму да ја финансираат политичката кампања на партиите на власт, преку плаќање на радиодифузна такса од 190 денари – велат од ДС.
Од партијата најавуваат дека наскоро ќе предложат промени во соодветните закони.
