Трајанов бара измени на Законот за попис: Тие што живеат во странство неможат да бидат дел од вкупното население

од Берта Китинска
398 прегледи

Пратеникот и претседател на Демократски сојуз, Павле Трајанов бара Собранието да расправа за пописот. Трајанов го доставил барањето до претседателот на Собранието Талат Џафери и бара за Информацијата за пописот пленумот да расправа на наредната седница.

Тој предлага Собранието да донесе измени и дополнувања на Законот за попис на нселението, домаќинствата и становите со кои од пописот ќе се изостават нерезидентните, да се комплетираат податоците за 132.000 непопишани граѓани во делот на етничката, јазичната и верската припадност преку вкрстување на податоците, но и со директен контакт со лицата кои не се попишале. Исто така бара Владата да формира деветчлена експертска комисија која во соработка со Државниот завод за статистика и со другите државни институции ќе ги провери податоците од пописот и ќе ги отстрани евентуалните грешки.

Во законскиот рок, директорот на Државниот завод за статистика, ја донесе Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот, со која меѓу другото се дефинира и разграничува резидентно и нерезидентно население.

Резидентно население се сите лица кои живеат во Република Северна Македонија, без разлика дали во моментот се во Република Северна Македонија или во странство, додека нерезидентно население се сите лица кои што имаaт вообичаено место на живеење во Република Северна Македонија, но престојуваат во странство повеќе од 12 месеци (една година).
Во Информацијата се опфатени податоците само за населението од Пописот кој се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година.

Пописот се одржа во многу специфични околности, почнувајќи од тешката здравствена состојба за време на четвртиот бран од пандемијата предизвикана од вирусот COVID 19 поради што се предизвика чувство на страв кај многу граѓани од можноста за зараза при прием на попишувачи, па се до негова политизација, повик за бојкот на истиот, но и други фактори, како слабиот одзив и недоволната обука на попишувачите, немање на контролни механизми, совпаѓање со изборната кампања за локалните избори итн.

Слични содржини