Трајанов би гласал за предвремени избори доколку се блокира една изборна единица

од Nikola Popovski
247 прегледи

Пратеникот и лидер на Демократски сојуз, Павле Трајанов информира дека тешко оди процесот за една изборна единица.

-Не е проблем ние во овие услови, кога имаме енергетска криза, кога има последици од пандемијата, рефлексии на војната во Украина. Ние не сме до толку непринципиелни или да не водиме сметка за нашите национални државни интереси за да бараме сега Владата да ја срушиме. Меѓутоа, јасен е ставот, ако се блокира процесот, јас самиот не можам да ја бутнам Владата или да предизвикам парламентарни избори, но има пратеници кои можеме и ако се блокира повторно процесот, тогаш ќе гласаме за предвремени парламентарни избори. Тоа е нашиот став, ќе одиме на избори, но повторно ќе биде на наша штета, затоа што нема да има една изборна единица, вели Трајанов во емисијата „Клик плус“.

Слични содржини