Трајанов: Да запре војната во Украина, на место артилеријата да говори дипломатијата

од Берта Китинска
183 прегледи

Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, беше дел од Конференцијата на Парламентарното собрание на парламентите од Југоисточна Европа, Комисија за правда, внатрешни рабити и безбедносна соработка каде во своето обраќање нагласи дека војната во Украина треба да престане и на место артилеријата, да се говори за дипломатијата.

-Правата на човекот, посебно правото на слобода на говор, на искажување на мисла, на верска определеност, не се остваруваат еднаш засекогаш, тоа е постојана борба, на поединецот и на сите нас заедно.Во услови на војна се загрозени животите на многу граѓани, посебно на изнемоштените, децата и обичните граѓани, поради инвазијата на Русија во Украина, ние мораме да упатиме апел, војната да престане и на место артилеријата, да говори дипломатијата, кажа Трајанов.

Тој напомена дека парламентарците имаат обрврска преку имплементација на Универзалната Декларација за Човековите Права, да градат законски обврски за заштита на основните човекови права и вредности, но и морална обврска да се почитуваат тие права, посебно на ранливите групи.

-Сеуште во светот, но и овде на Балканот и пошироко во Европа, милиони луѓе не ги уживаат основните човекови права. Поради тоа мораме да се бориме и инсистираме на почитување на правата на сите луѓе, посебно на оние поврзани со полот, религијата, расата, политичката определеност, социјалниот статус, сексуалната ориентација и слично.Секогаш кога има кршење на правата, посебно кога се нападнати правата на ранливите групи, мора јавно да зборуваме, да градиме силен отпор и одговорност, тука се и невладиниот сектор, медиумите и социјалните мрежи.Не смееме да молчиме, мораме да се бориме, сојузот на прогресивните сили и во демократијата се доминантни, но мораме да бидеме заедно, вели Трајанов.

На Конференцијата која се одржува во Атина, учестуваат пратеници од Грција,Турција, Македонија, Албанија, Романија, Хрватска, Бугарија, Молдавија и Косово, се расправа за човековите права, посебно за правата на ранливите групи.

Слични содржини