ВМРО-ДПМНЕ има големо влијание во дијаспората. Имаа кампања која влијаеше во првата фаза. Зборував со многу иселеници и ми кажаа дека пописот е наместен и дека поради тоа нема да се попишат. Според нив, ова било пазар меѓу Ахмети и Заев. 450.000 од дијаспората не се попишани. Друга нерегуларност е како може за пописот да се тврди дека е успешен кога само 250.000 се вели дека се христијани, вели лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов околу барањето да се отвори расправа во Собранието за пописот.
Според него, мора да се исправи грешката.
-Пописот е јаболко на раздорот. Да имаме расправа во Собранието, сите партии имаат забелешки. Да се промени законот и нерезидентното население да не биде дел од вкупната бројка. Да се направат и исправки и околу податоците околу верската и етничката припадност. Граѓаните бараат владата да реагира, а не пописот да биде политички пазар. Требаше да се вклучи администрацијата во спроведување на пописот, смета Трајанов, додавајќи дека резултатите од пописот сепак не влијаат во владеачката коалиција и нејзината стабилност.