Трајанов: ДИК не достави покана до новоизбраните пратеници, туку до овластените предлагачи на партиите

од Берта Китинска
224 прегледи

Последните две недели новоизбраните пратеници се предмет на критики поради тоа што не присуствувале на свечената седница на ДИК, одржана на 25.07.2020 година, за да ги примат уверенијата за избор на пратеник, инфомира Павле Трајанов од Демократки Сојуз.

-Сакам да ја информирам јавноста дека ДИК не доставил информација (покана и сл.) до новоизбраните пратеници, туку до овластените предлагачи на партиите и коалициите. Таквата информација не е проследена до сите пратениците и затоа не беа присутни на свечената седница на ДИК.Од таму неосновани се коментарите и критиките упатени спрема нив.Се надевам дека пратениците во новоизбраниот состав ќе бидат многу поактивни, самостојни во домот на демократијата и ќе ги артикулираат интересите на граѓаните и државата, рече Трајанов.

Слични содржини