Ние никогаш не сме платиле досега или да партиципираме во некоја анкета. Ние правиме интерни анкети и засега добро стоиме. Очекуваме нашата партија да освои меѓу 50 и 60 илјади гласови, доколку одиме самостојно на изборите, изјави вечерва пратеникот и лидер на Демократски сојуз, Павле Трајанов.
Според Трајанов, ДУИ се подготвува за дестабилизација, поради како што вели, појавата на силната албанска опозиција.
-Тие не се подготвени мирно да заминат во опозиција. Замислете сега тој процес на дуизација е раширен насекаде. Институциите кои што ги водат се во катастрофална состојба. Видете што се случи во М-НАВ, а да не зборуваме за секојдневните афери. Сите роднини околу лидерот на партијата станаа милионери. Донесоа најкриминални измени на Кривичниот законик. СДСМ ќе ја плати најголемата цена, затоа што воспостави ДУИ да ги диктира политиките, рече меѓу другото, пратеникот во емисијата „Само вистина“.