Трајанов: Една изборна единица ќе донесе коренити промени во начинот на дејствување

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Повеќе од 20 години се расправаме, отвораме расправа околу промена на изборите правила, реформите на Изборниот законик, но првпат имаме суштинска отворена аргументирана расправа во која се вклучени и други политички партии, истакнува претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов за емисијата „Стадион” на Радио Канал 77 во однос на измените на Изборниот законик.

Анализата, наведува тој, покажува дека не е точно дека големите партии ќе губат по еден или два пратеника, ќе губат многу повеќе. Ако им одземете на СДСМ сега 60 или 70 илјади гласови, или на ВМРО-ДПМНЕ тоа се околу 10-ина пратеници.

-Ние сега за сега сме да нема никакво исклучување на коалицијата, предлагаме промени само за една изборна едниница и без изборен праг. Сите други промени можеме ние во текот на расправата да ги прифатиме како сугестија или да се вметнат како амандман. Клучно е што во овој закон што ние ставивме одредба и за помалите етнички заедници околу 20 проценти да може да влезат во Парламент, посочи Трајанов.

Нивните анкети, како што рече, покажуваат дека над 60 проценти од граѓаните се за промена на бројот на изборни единици, односно за една изборна единица и оти сметаат дека така ќе започнат вистинските демократски процеси во државата.

Со тоа што ќе се отвори расправа во Собранието, укажува, ќе има повеќе субјекти од чиј став или гласање ќе зависи исходот на решението што се нуди.

-Досега имаме еднопартиски систем на владеење, партијата која што ќе дојде на власт, да не зборувам за ДУИ која што е константна долги години, но зборувам за ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, штом дојдат на власт тие ја преземаат целокупната власт во свои раце. Коалициските партнери без кои никогаш не би победиле, околу 25 партии со нив кои околу 5000 прават околу 100 000 гласови. Малите партии им служат само за собирање на гласови, штом дојдат на власт ги исклучуваат од било каква можност да влијаат на носењето на било некоја главна одлука, рече Трајанов.

Оценува дека ако се прифати концептот државата да биде една изборна единица, Парламентот ќе ја рефлектира различноста и определбата на граѓаните. Ќе има, вели, суштински коренити промени во начинот на дејствување.

-Како потписници на овој законски проект изјавивме дека отвораме расправа, понудивме и почнавме да разговараме со други политички партии. Во овој процес на координација ние не условувавме затоа што во разговорите со Зоран Заев и Ковачевски кога беа заедно, разговараме кои приоритети треба да бидат вградени во програмата на новата власт. Тоа го усогласивме со СДСМ дека тоа ќе биде владин приоритет, сите партии застанаа направија координации, ние рековме дека оптимално време е од формирањето на владата во рок од три месеци за да се донесе овој закон, наведе Трајанов.

Сега, дополнува, сите се „за”, СДСМ се „за”, но тие ставаат еда запирка што за мене е неприфатлива, бидејќи за да се донесе законот нас ни треба мнозинство на пратеници од 61 пратеник, но дека е потребен и консензус. Таа флоскула се користи 20 години и постојано меѓусебно се договараат трите или четирите партии, дека една трба да биде против, вели Трајанов.

ВМРО – ДПМНЕ, посочи, како поголема политичка партија ја презема координацијата за да разговара со останатите политички партии, според разговорите кои досега ги водиме со ВМРО тие застанаа многу посилно околу овој проект да го поддржат. Се надевам дека е искрен пристап, дека не е да речеме да ја тестираат СДСМ во искреноста.

-Овие промени сега ние ги буткаме, СДСМ вика „да”, ВМРО ДПМНЕ започна сериозна кампања за една изборна единица и сега очекуваме овие денови да биде ставен законот на дневен ред. Тој е на дневен ред, туку треба да се активира механизамот, треба Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците да го стави на дневен ред и да почне расправата. Предлагаме комисиска расправа, расправа на пленарна седница каде сите парламентарни партии ќе ги искажат своите ставови, аргументи за или против. Понатаму ќе предложиме сите заедно што сме потписници да се одржи јавна расправа во Парламентот, ќе ги поканиме сите парламентарни, вонпарламентарни партии, ОБСЕ/ОДИХР, ЕУ, ќе ги поканиме експертите, невладиниот сектор, медиумите и тука можеме да ги соочиме аргументите, рече Трајанов.

Слични содржини