Во Собранието денеска се одржа јавна расправа по Предлог законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, на која покрај пратеници учествуваа и експерти по право, универзитетски професори, како и претставници од Комитетот за правда,во кој членуваат над 300 лица,кои сметаат дека неправедно се судени.
Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, како предлагач на законот нагласи дека Европската унија во бројните свои анализи, влучително и во извештајот на Прибе,оценува дека немаме некредибилен судки систем и дека се спроведува селективна правда .
-Со овој закон не се прави упад на правниот систем, ниту пак е во колизија со Законот за кривична постапка, so чии oфредби повторувањеto на постапката со нови докази е “невозможна мисија”.Со законот нe се бара или предвидува помилување, амнестија или аболиција, туку ФЕР СУДЕЊЕ, при што постапката почнува преку одржување на Главна расправа,на која ќе можат да се преиспитаат фактите и доказите врз основа на кои почива суската одлука,но и да можат да се презентираат и нови докази и факти, вели Трајанов.
Тој нагласи дека повторување на постапката е можна само доколку се исполнети некои од условите,меѓу кои се и:
– повреда нс начелото на презумпција на невиност
-злоупотреба на системите за прислушкување
-користене на лажен /заштитен сведок
– злоупотреба на системот за автоматска распределба на предметите (АКМИС)
-повреда на правото на одбрана или еднаквост на правото на “оружје”.
-Правосилната суска одлука треба да се заснова на некои од овие “докази”
Транспаренси Интернршнл,анализирала 12 судски предмети, при што експертите заклучиле дека судските одлуки се засноваат на нерелевантни факти и докази и со кршење на законите.Како специфичен пример е убиството во с.Орешани, каде врз основа на сведочење на лажен сведок,се донесени осудителни пресуди,суден е новинар за обелоденување на идентитетот на лажниот сведок, потоа ocудени се и истражен судија, јавен обвинител и поранешен судија на Врхвен суд. Случајот е расчистен,но последиците и натаму траат, објасни Трајанов.
Лидерот на ДС, напомена дека номо-техничко ќе се подобри зсконот, ќе има и допрецизирање .