Трајанов: Институциите да дејствуваат без страв против криминалот, рекетот, нарко – бизнисот, насилството

од Radmila Tasevska
405 прегледи

Пратеникот Павле Трајанов и претседател на Демократскиот сојуз, не се согласува со оценките  дека безбедноста во државата е на највисоко ниво. Како што изјави вечерва  во „Топ тема“ на Телма, оправдана е реакцијата и револтот кај граѓаните, кои, како што рече, не се чувствуваат сигурни и безбедни.

По убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, Трајанов нагласи дека граѓаните не треба да се плашат, но треба да бидат претпазливи.

Toj апелираше до Владата, до државните институциии, се она што се пројавува како криминал, насилство, заплашување, рекет, нарко – бизнис, да дејствуваат, нагласи, без каков било страв. Според него, не смее политиката да се вмеша во работата на овие стручни институции и оперативци кои работат. Верувам, рече тој, дека таму има високо-стручни професионалнци, да не ги блокираат во извршувањето на нивните задачи.

–  Треба метла, кадровско прочистување на сите државни институции, да не останат партиски неспособни кадри, да не кажам тежок збор „кретени класични“ да работат на високи позиции, да зазимаат во државата. Затоа слаба администрација, слаби инситуции, лоша безбедност, заклучи во Топ тема, Трајанов.

Професорот д-р Злате Димовски, криминалист, порача дека е потребно  да се работи континуирано на идентификување на сите ризици и закани кои постојат од бебедносен аспект.

– Да градиме систем, едно општество кое ќе ги награди или евентуално ќе ги издигне на повисоко ниво професионалците, оние кои знаат да си ја работат работата. Се она друго што не вреди постепено треба да се истисне од институциите, да излезе надвор, затоа што таа неспремност, неподготвеност, неадекватност со профилот што треба да го има, навистина треба да се исфрли. Затоа што дојдовме до ниво кога довербата во институциите на системот е на најниско можно ниво, рече меѓу другото Димовски.

Според него, ако сега направите анкета евентуално за довербата во безбедносниот систем, ќе видите, подвлече, дека нема да биде ништо подобро од она што е за правосудниот систем.

Слични содржини