Трајанов ќе ја преиспита поддршката на Владата доколку за три месеци не се воведе една изборна единица

од Nikola Popovski
377 прегледи

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов останува на ставот дека доколку за три месеци не се усвојат измените за една изборна единица, ќе размисли дали и понатаму ќе ја поддржува Владата.

-СДСМ во основа поддржува една изборна единица и тоа беше нивниот став дека треба да се отвори расправата за ова прашање, меѓутоа големите партии често го менуваат мислењето и таков општ консензус тешко дека ќе се обезбеди. Јас сум оптимист дека три месеци е оптимално време кога може да се донесат усвојат измените на Изборниот законик. Ако за три месеци не се усвојат, ќе ја преиспитаме нашата поддршка на Владата, рече Трајанов во емисијата „360“.

Тој информира дека разговарал за ова со премиерот Ковачевски и дека е дел од приоритетите на Владата.

Слични содржини