Признавањето на Македонската Православна Црква од страна на Вселенската патријаршија преставува историски чин со огромно значање за Синодот на МПЦ , сите црковни достоинственици и верници, како и за сите граѓани, изјавил лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, велат од партијата преку соопштение.
Според владеачката партија, МПЦ низ вековите е чувар на Македонскиот национален идентитет и кохезиона сила на Македонците каде и да се.
-За трпеливоста и мудрата политика, честитки до Поглаварот г.г.Стефан и Синодот на МПЦ, се наведува во партиското соопштение.
На Светиот синод, со кој претседавал Неговата Светост Патријархот Вартоломеј Први од Вселенскиот Собор, детално се разговарало за црковното прашање на Скопје, по што патријархот го признал името на Македонската православна црква како „Охридска архиепископија“.
Вселенскиот патријарх истакна дека се надева на понатамошен напредок на МПЦ.