Трајанов му ги дал документите на Груевски за „ Телеком“- Кој го премолчил криминалот?

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов го потврдува исказот на Слободан Богоевски даден пред американскиот суд  во аферта „Телеком“, дека земал документи (потпишаниот протокол) од Богоевски и му ги предал на премиерот Никола Груевски

????????????????????????????????????

Тој  за Нова тврди дека добар дел од документи се доставени и до медиуми, и до невладината Транспарентност, и биле достапни  и до Јавниот обвинител, кој вели дека немал докази и не им посветил соодветно внимание. Но лично за мене  е клучно,  вели Трајанов,  кој притиснал и ја блокирал истрагата. Ова е тешка афера и мора да се утврди кој во оваа држава ги правел овие работи.

Кондаминас изгледа  влијаел врз целиот државен врв , но  како тој бил толку продорен во бизнис и политичките состојби во Македонија,како крупен бизнисмен, останува као сериозна  дилема дали само неговиот капитал и профитиот се клучот за влез на македонската сцена. Мислам дека проблем се коруптивните елити а не Кондоминас вели Трајанов, и потврдува дека сепак  тој  не бил предмет  на истрага  на службите, иако за сите инвеститори во Македонија се собирале информации. Верувам дека има траги и за него во службите, ако некој сака да открие што се случувало вели Трајанов.

Груевски беше информиран за овие сосотојби, и тој ги добил тие документи и иинформации, вели за Нова лидерот на ДС Павле Трајанов.

Јас прв проговорив за постоењето на организираниот криминал, затоа бев сменет од МВР, но има многу други сведоци кои исто така знаат, па дури и граѓани, но никој не верува веќе во системот и затоа никој не сака да зборува за тоа .

Но самиот момент на објавување на оваа тешка афера ,  во екот на политичката криза, е силна  порака дека се има крај до сите чинители на кризата , и партиите кои преговараат заклучи Трајанов.

видеото погледнете го тука