Врз основа на широка расправа низ партиската база, како и консултации со голем број на граѓански асоцијации, политички партии, експерти, како и симпатизери на ДС, Централниот совет на Демократски сојуз одлучи, на претстојните парламентарни избори да настапи самостојно.

Ние како Демократи и како Сојуз, сметаме дека имаме доволно знаење, идеи, искуство, правдољубивост, храброст и спремност со нескриен и недвосмислен став да се соочиме со сите политички собитија, предизвици за денешницата и иднината.
Демократскиот Сојуз е отворен за соработка со сите кои застапуваат вакви ставови, европски вредности, за сојуз со поединци, со други политички партии и граѓански асоцијации.

????????????????????????????????????