Денес во Собранието на РСМ, се одржа средба помеѓу Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и пратеник, со Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Антонио Милошевски, пратеник и претседател на Комисијата за надворешна политика, информираат од Демократскиот Сојуз.

Оттаму додаваат дека на средбата, лидерто на ДС, ги презентирал ставовите на партијата, во врска со реформите на изборните правила, кои треба да се одвиваат во три фази.

-Во првата фаза да се донесат измените на Изборниот законик, до кои Македонија ќе биде една изборна единица и без изборен праг;Во втората фаза, да се направат коренити реформи на изборните правила, со кои ќе се отстранат системските предности на четирите партии, посебно во врска со медиумското претставување и финансирање на изборната кампања од Буџетот на државата; и,Третата фаза, уставни промени со кои ќе се намали бројот на пратеници од 120 на 90, како определба на Демократскиот сојуз за рационализација не само со намалување на бројот на пратеници, туку и бројот на министерствата, бројните агенции, регулаторни тела и сл, соопштија од ДС.

Слични содржини