Трајанов: Не може да се обвинува опозицијата, за убиените власта треба да понесе одговорност!

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Генерално, ова е обид за дестабилизација на Македонија и нарушување на безбедноста. Се работи за терористички групи кои ја загрозија стабилноста на Македонија, вели Павле Трајанов.  Прво ни се случи Гошинце, па сега инцидентот во кумановската „Дива Населба“, тогаш одговорноста мора да ја понесе власта. Не може за ова да се обвинува опозицијата, тоа е далеку од памет,изјавил Трајанов  за фактор.мк.

trajanov-540x270

Исто така,вели Трајанов, важно е да се истакне дека граѓаните не ги подржаа овие активности и мислам дека нема да дојде до нарушување на меѓуетничките односи. Очекувам сега безбедносните служби на чело со МВР да ја расчистат компелтно работата.

Она што можам да го истаканм е дека се забележливи одредени пропусти на оперативните служби, со што се добива впечаток дека полицијата е практично голо изложена на стрелба. Не можам и не сакам да навлегувам во разно разните шпекулации за сценаријата за овој немил настан. Сепак, треба да почекаме да се стабилизира целата ситуација, затоа што има една нејасна работа, а тоа е што не се знае кој стои зад овие терористички групи и кои се нивните цели.
Одговорноста за оружениот инцидент во Куманово, лидерот на ДС ја лоцира во власта. Сите ние други, и партии и медиуми и граѓански организации имаме одредена одговорност за општестевните случувања, но ако се загрози територијалниот интегритет на државата, така што имаме уфрлена група во земјава, тогаш одговорноста е на безбедносните служби.

Прво ни се случи Гошинце, па сега инцидентот во кумановската „Дива Населба“, тогаш одговорноста мора да ја понесе власта. Не може за ова да се обвинува опозицијата, тоа е далеку од памет,изјавил Трајанов за фактор.мк