Трајанов: Неколку партии пријавиле интерес да се приклучат на парламентарното мнозинство

од Nikola Popovski
909 прегледи

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов вели дека подолго време имало несогласувања во ВЛЕН поради крупни прашања и тој процес сега кулминирал. Смета дека одлуката е на лидерото на едното крило на АА, Арбен Таравари дали ќе се случи кон ДУИ за време на локалните избори.

-ДУИ бара патерица на која ќе се потпира и во таа одлука успеаја да го придобијат Таравари. Сепак, не знам што одлука ќе се донесе. Владеачката партија е клучна. Има и други партии кои се застапени во Парламентот, а пријавиле интерес да биде дел од парламентарното мнозинство. Не знам точно кои се, но има коментари во таа насока. Не верувам дека Зијадин Села, но можеби други партии имаат интерес. Тој процес го води ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и одлуката ќе биде во функција на градење на кохезија во државата, а не да се создаваат дополнителни тензии и недоразбирања што не одговараат на државата, рече Трајанов во емисијата „Аргумент плус“.

Истакна дека немал средба со Таравари.

Слични содржини