Трајанов: Несериозно е да ги немаме сите документи од францускиот предлог

од Берта Китинска
240 прегледи

Нецела страница добивме вчера, мислам дека е тоа несериозен и неодговорен пристап. Претседателот на Собранието Талат Џафери не може ова да го прифати како информација зашто не ги задоволува деловничките критериуми за Собранието да може да расправа, изјави Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз, во врска со Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на земјава со Европската Унија која Владата вчера ја прати во Парламентот.

-Не е упатно пратениците да немаат вкупен материјал пред себе за да може да разговараат, а Владата чека поддршка. Сугерирам Информацијата да се обликува како што треба согласно Деловникот и во прилог да бидат трите документи – Предлог-заклучоците на Советот на Европа, воведната изјава на Советот на ЕУ и Преговарачката рамка. И независно од тие три, мора сите да го видиме Протоколот кој е усогласен, можеби веќе одобрен од министетствата за надворешни работи на Бугарија и Македонија, бидејќи во тој Протокол се содржани клучните елементи на кои се обврзува Македонија. Нема потреба да се крие од јавноста, да се отвори расправа за него, зашто тоа е пакет на документи што во основа треба да ги спроведува Република Македонија, независно оваа или некоја следна влада, истакна Трајанов на прес-конференција.

Слични содржини