826
Пред три дена владините партнери дадоа „беса“ вклучително и партијата БЕСА, дека цврсто стојат на позициите дека парламентарното мнозинство е стабилно , но по неколку дена се случи пресврт и најави дека се вклучува во опозиција, рече претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, во вечерашното гостување на ТВ Сител.
-Не е така едноставно и лесно да се сруши влада, последици ќе има дали преку оставка на актуелниот претседател на владата, дали преку интерпелација. Мислам дека Заев ја иницираше оваа севкупна состојба што се случува сега. Легитимно е правото на опозицијата да се здружува и да бара оставка бидејќи на секоја политичка партија главната цел и е да дојде на власт, рече Трајанов.