Трајанов: СЈО е под сериозен и нелегитимен надзор од внатрешни служби

од desk3
89 прегледи

Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник Павле Трајанов вели дека СЈО е под сериозен и нелегитимен надзор од внатрешни служби.

ds pavle

Во емисијата Отворено која се емитува на 24 вести Трајанов посочи дека и покрај промените на управата за оперативна техника и новиот министер за внатрешни работи сепак СЈО е изложена на сериозни опструкции.

Претседателот пак на собраниската комисија за следење на работата на УБК и Агенцијата за разузнавање Хари Локвенец вели дека веќе иницирал учество на ескперти во рамките на комисијата кои треба да го дадат одговорот на сите прашања поврзани со прислушувањето и во кои случаи тоа треба да биде оправдано.

Ахмети- Даниелсон: ДУИ ќе даде поддршка на ДИК за примерно спроведување на изборите

Од МВР денеска не добивме одговор дали ги имаат истите сознанија кој ги посочи Трајанов, а не се произнесоа ниту од СЈО./ 24 вести