309
Претседателот на Демократски сојуз и пратеник, Павле Трајанов најави дека се можни голем број цивилни жртви во Украина, доколку продолжи руската агресија.
-Ќе страдаат невини луѓе, ќе дојде до бегалски бран и немам илузија дека оваа воена операција ќе застане се додека Украина не прифати капитулација. Русија ќе оди по секоја цена да победи и нема да се повлечат, рече Трајанов во изјава за „Утрински брифинг“.
Според него, како држава мораме да покажеме дека го осудуваме ова кршење на меѓународното право.
-Препорачуваме да претседава Советот за безбедност на Македонија и Владата и по потреба парламентот со резолуција или декларација да го осуди нападот врз Украина. Само на тој начин ќе бидеме дел од демократскиот свет, побара Трајанов.