Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денес во попладневните часови имаше средба со Јоханес Хајндл.
На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во Македонија, како и за можните решенија за излез од кризата.Трајанов ја искажал загриженоста за политичката криза, која предолго трае и за потребата од деблокада на реформските процеси неопходни за создавање на услови за избори, како и деблокада на евроатланските процеси.