
„Македонија е во длабока политичка криза која ја загрозува стабилноста на државата, економскиот развој и евроинтеграциските процеси„ изјавил вчера претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој присуствувал на општинската изборна седница во Кочани.
Трајанов меѓу другото повикал на разумно однесување и водење сметка за државните интереси, од сите партии, посебно од лидерите на партиите што се вклучени во преговорите за излез од кризата.
„Тие што ја генерираа кризата мораат да понесат политичка одговорност” посочил Трајанов пред присутните членови и симпатизери на ДС.