Трајанов: Треба да се внимава на верски екстремизам и крвави настани- службите за безбедност мора да бидат мобилизирани

од Nikola Popovski
649 прегледи

Мислам дека како држава треба да бидеме внимателни и претпазливи и во мобилна состојба, со цел да се превенираат такви насилства. Не верувам дека во таков обем може да има настани како со Хамас, но околу нашиот став, државниот врв беше заспан и се криеја како глувци. Такви настани мора секоја држава да ги осуди, крвавото насилство е за осуда, вели лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов за ставот на земјава да застане на страната на Израел и да го осуди нападот на Хамас во јужниот дел од таа земја, како и околу опасностите од верски екстремизам.

Трајанов истакнува дека како партија исто така реагирале бидејќи, како што вели, бавно одело извлекувањето на нашите граѓани од Израел.

-Добро е што државата се вклучи. Ставот е согласно НАТО и ставот на САД. Сите се веќе мобилизирани и треба да се внимава од крвави настани, вели Трајанов во вестите на Тв Сител.

Според него, службите за безбедност мора да бидат во комуникација со службите на НАТО.

-Можни се форми за радикализација на терористички организации. Нашиот систем за следење на комуникациите нема кој да го раководи. Во овие ситуации, се користат сите системи за да не дојде до ваков настан. Треба да се направиме, првин преку медиумите, партиите, верските заедници да делуваме на одвраќање на вакви активности, посочува лидерот на ДС за опасноста од верски екстремизам и лицата што биле дел од боиштата како дел од странска парамилитарна војска.

За Законот за амнестија, вели дека не прави селекција за одреден дел на кривични дела.

-Тој нема проценка кои се лицата и за кого важи, но сепак, законот нема да помине во Собрание. Опозицијата најавува дека ќе го блокира и ќе следат голем број амандмани, рече Трајанов.

Слични содржини