Сите одлуки за полициско обезбедување и користење службени возила на МВР доаѓаат исклучиво по наредба на министерот но не и по усна наредба на началникот на шестата управа, тврди поранешниот министер Павле Трајанов за 24 Вести.  Тој посочи дека сите набројани личности кои користеле полициско обезбедување е неоправдано и е класична злоупотреба на државните ресурси.

trajanov-pres-540x358Трајанов посочи дека кога тој раководел со министерството немало пример да се обезбедува генерален секретар на влада па уште помалку генерален секреатар на партија.

Злоупотребите со полициско обезбедување и возила ги обелодени министерот за внатрешни Оливер Спасовски. Меѓу оние кои користеле бенефиции се генералниот секретар на владата Кирил Божиновски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, шефот на кабинет на претседателот на владата Мартин Протуѓер, пратеникот Амди Бајрам и Јохан Тарчуловски. На сите нив од први декември им е скратена оваа бенифиција а Спасовски дополнително ќе истражува кој и како одобрил полициско обезбедување и службени возила за нив.

Измешани ингеренции и неправилности во начинот на обезбедување настани и личности обелодени и опозицијата во таканаречените бомби за случајот со убиството на Мартин Нешковски.

Според законската регулатива право на полициско обезбедување имаат Претседателот на државата, претседателот на собранието, премиерот, министерите за внатрешни, надворешни и одбрана, како и директорите на УБК и бирото за јавна безбедност. По претходна безбедносна проценка може да се обезбеди полициско обезбедување и за минстрите за правда, финансии, јавниот обвинител и претседателот на Уставниот суд.

Слични содржини