206
Не е спорно Хрватите и Црногорците да бидат ставени во Уставот, спорни се единствено Бугарите, бидејќи тоа го прават со уцени и условувања.Нашиот став е доколку се пристапи кон промените, тие треба да бидат согласно принципот на реципроцитет, односно да бидат признаени и правата на македонските граѓани во Бугарија, истакна претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов на денешната конференција во Собрание.
-Веројатно целта на Бугарија е да покажат дека во Македонија има Бугари. Не сакам да го користам тоа тој збор – бугаризација. Уставните промени веројатно ќе започнат. Тој процес ќе е тежок и сложен, кажа тој.