Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците, расправаше за Предлог – Законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, поднесен од Павле Трајанов, при што го проследи во натамошна постапка.
Образложувајќи ја потребата од носење на законот, пратеникот Павле Трајанов, нагласи дека со овој закон се отвараат можности за фер судење, при што за монтираните судските предмети ќе се отвори главен претрес каде ќе се преиспитуваат користените факти и докази, но ќе има можност да се презентираат и нови докази.
-Постапката ќе се повтори доколку е повредено начелото на презумпција на невиност, злоупотрени се системите за прислушување, користен е заштитен (лажен) сведок, злоупотребен е системот за рспределба на судските предмети (АКМИС) или не е обезбедено еднаквост на “оружјето” (презентирање на докази).Ова е исклучителна можност за корекција на неправдата, но и да се разобличи, улогата на политичките моќници, како и на полицијата, обвинителството и судот.Не се бара амнестија, помилување или абулиција, туку правна можност за преиспитување на судските одлуки, но во случаи каде се исполнети некои од овие услови односно судската одлука е заснована на несодветна примена на законите, без релевантни факти докази, без можност да се соберат докази итн, изјави Трајанов.
Комисијата заклучи на седницата заклучи дека треба да се организира и јавна расправа каде експертите ќе можат да ги презентират своите стручни ставови.