Трајанов: Зборовите на Фон дер Лајен да бидат нотирани во преговарачката рамка

од Nikola Popovski
165 прегледи

Лидерот и пратеник на Демократски сојуз, Павле Трајанов денеска од собраниската говорница иставка дека преговарачката рамка на Македонија со ЕУ ќе се усвојува на Втората меѓувладина конференција.

-Оваа расправа не треба да биде за Владата. Треба да разговараме за слабите точки во францускиот предлог. Јас сум на страна на македонскиот народ, на автентичните македонски интереси. Мојата борба за Македонија долго трае уште од 1989 година. Сум за евроинтеграци, но не на штета на нашите интереси, кажа Трајанов.

Тој додаде дека верува ќе се направат корекции во заштитата на нашите национални интереси.

-Прифатливи беа вчера тезите на Фон дер Лајен. За тоа се борам, нејзините зборови да бидат нотирани во преговарачката рамка, побара Трајанов на седницата во Собранието за францускиот предлог.

Слични содржини