193
Претседателот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов смета дека отворањето на бугарските клубови во Македонија кои носат историски имиња нанесуваат штета во односите помеѓу Македонија и Бугарија.
-Се заострува реториката меѓу граѓаните на Македонија и Бугарија, сметам дека одговорноста лежи кај државните институции што дозволуваат регистрација на здруженија на граѓани со имиња кои не се прифатливи за граѓаните кои се блиски сорабоници на Хитлер и фашизмот, вели Трајанов во „Жешко политичко лето“.