Трајановски до Миленко: Мицкоски ти го даде Вардар, не постои навивач кој не те колне или пцуе

од Nikola Popovski
1,5K прегледи

Советникот во Советот на Град Скопје од партијата ГРОМ и довчерашен заменик-градоначалник на Скопје, Александар Трајановски се огласи на социјалните мрежи откако беше прозван од претседателот на ФК Вардар, Миленко Неделковски. Tрајановски ја спомена блискоста на Неделковски со претходното и сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и власта.

„Груевски ти даде кози, зашто многу те биваше за новинарство и социјални мрежи. Уште колку кози ти останаа?

Мицкоски ти го даде Ф.К.Вардар, не постои скопјанец или фан на Вардар кој не те колне и пцуе.

На работа, на утакмици одиш со обезбедување дека си обожаван и ценет? Ти ли најде да кажуваш кој како ќе заврши и кој е следен, а Мее е е е е еленко“, објави советникот во Советот на Град Скопје.

Дел од опозициските партии претходно го обвинуваа Неделковски дека шири навреди, клевети и говор на омраза на социјалните мрежи и ја прашаа најголемата владеачка партија дали ќе се огради од неговиот говор.

Кон средината на ноември минатата година, навивачката група „Комити“ организираше прес-конференција на која откриваше детали од преговорите за спас на најтрофејниот македонски фудбалски клуб. Тогаш беше споделено со јавноста дека добиле еден вид „ултиматум“.

„Средба со владата имавме на 10 јуни и ни кажаа дека имаат решение за Вардар, но треба да ги предадеме акциите. Инсистираа Миленко Неделковски да биде извршен директор. Ние не прифативме, но на 3 јули бевме принудени да му дадеме рака на Миленко и да ги задржиме 15 отсто од акциите. Договорот со Атила Жалили се завери на 10 октомвори и на 11 ноември како што Миленко милува да каже во 11 часот и 11 минути се одржани Собрание на кое се потврдија промените. Еден извршен член е поставен од Атила Жилали и тоа е Миленко Неделковски, тука се уште три неизвршени членови од нивна страна и еден неизвршен член од наша страна. Немаме стереотипи, но кажавме дека Миленко не е достоен за да биде во клубот. На состанокот со претставник од Владата ни беше кажано ‘или Миленко во Вардар или клубот нема да постои’“, рече Милорад Миленковски, преставник на „Комитите“.

Слични содржини