Трајановски го нарече „компир“ советникот Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ и го праша кај се криел од 2017 до 2021

од Nikola Popovski
130 прегледи

Поранешниот заменик-градоначалник на Град Скопје, Александар Трајановски му реплицираше на својот колега од советничките клупи, Мартин Стојановски откако беше прозван од говорницата во Советот на Град Скопје. Му порача дека не зборувал за темата по точките на дневен ред туку за „нешто што го објавиле од градската администрација и градоначалничката во некакво соопштение“.

-Бидејќи си контрадикторен, не можам да проценам дали ја браниш или напаѓаш градоначалничката оти си од Сарај. Минативе три седмици се утепа од фалење на проектите во Сарај. Дали е добро што си работи во Сарај или не? И погледни ме кога ти зборувам. За твојата политичка елоквентност и џентлменски однос, треба да разбереш дека некој кога дава оставка, не се реплицира. За компир, еве ти го компирот од мене. Во однос на тоа дали јас ќе сум бил советник овој или минатиот мандат ако не било ВМРО-ДПМНЕ, само ќе ти кажам дкеа вие никогаш ништо не почитувате. Јас сум втор по минутажа во зборување од оваа говорница во мандатот 2017-2021. Вие се криевте тогаш во дупки. Јас од оваа говорница сум се расправал со СДСМ и сум држел пресови и против Заев и Петре Шилегов. Кај беше ти тогаш? Од 2021 година навака, кај беше првите две години пред да те ушалтаат во Влада? А компир, кај беше?, му рече Трајановски на координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Кон крајот на февруари, Трајановски поднесе оставка од заменик-градоначалничкото место и рече дека градоначалничката Данела Арсовска се грижи единствено за „кланот од Сарај“, кој под нејзино водство владее со Скопје. Смета дека градоначалничката се грижи само за Сарај, а сите директори на јавни претпријатија доаѓаат токму од оваа општина. „Од кал да е – директор од Сарај да е“, рече тој тогаш.

Веднаш потоа реагираа од Кабинетот на градоначалничката. Порачаа дека Трајановски е разрешен од функцијата на 19.12.2024 година.

-Оттука, нејасно е од која функција си дава оставка ова лице. Трајановски е разрешен од функцијата поради нарушување на угледот на град Скопје, неизвршување на своите задачи и неисполнување на својата функција како заменик градоначалник. Поточно, ова лице нема вкупно 3 активни минути на својата функција, рекоа меѓудругото од градската администрација.

Слични содржини