Поранешниот градоначалник Коце Трајановски даде поддршка за новата кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник во главниот град, Данела Арсовска.
-Со одлука на извршниот и централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Данела Арсовска е поддржана како независен кандидат за градоначалник на град Скопје. Како долгогодишен член и функционер, пратеник, градоначалник, претседател на ЗЕЛС и давам поддршка за градоначалник на Скопје кој ќе работи за интересите на скопјани со што ќе престане четиригодишната стагнација и уништување на македонската метропола, објави Трајановски на Фејсбук.
Пред два дена, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека неговата партија ќе застане зад кандидатурата на претседателката на Стопанските комори. Претходно Арсовска објави дека ќе се кандидира како независна и го собра потребните потписи за да биде на листата за локалните избори.