Трајановски: Ќосето не требаше да се дислоцира, тоа е селективен маркетинг

од Aleksandar Todeski
369 прегледи

„Скопје 2014“ е проект на централната власт, рече поранешниот градоначаник на Скопје, Коце Трајановски, на што актуелниот градоначалник Петре Шилегов му возврати „Вие ги дававте дозволите, аманте луѓе“.

„Ние дадовме дозвола за да се прават пет споменици и ја преземавме оврската да ги одржуваме. Мислам дека Ќосето не требаше да го дислоцира, тоа е селективен маркетинг. Се направи ветување ќе срушиме, и ете да направат нешто“, рече Трајановски

Шилегов пак му возврати дека кога ќе ги дадат спомениците на градот, тогаш ќе видат што е уривање.

„Околу уривањето, само нека ми ги префрлат спомениците, ќе видите што е уривање. Македонија беше поробена од Груевистичка чизма и насилно и беа поставени споменици“, нагласи градоначалникот на Скопје.

Трајановски рече дека фасадите во минатото биле слични како овие што биле, но од 1963-та направен е упад во арихтектурата и се е изменето.

„Вие пред суд ставивте егзектуор на организација, Ќосето“, истакна Шилегов, на што Трајановски му возврати дека Ќосето му бил сопатник на Гоце Делчев.

„Кој и да бил, бил убиец на луѓе. Вие му порачавте на народот, остајте вие што е суд, ние ќе ви судиме. Го тргнавме споменикот и таму засадивме дрво за човекови права, јас таква порака праќам. Не можам да почитувам убиец и егзекутор да стои пред суд, каде што се борат за човекови права, не за убијци. Перверзија што е направена во лудилото е во општина Ѓорче Петров, да ставите улица Борис Сарафов, човекот што го убил Ѓорче Петров, вие му дадовте улица. Ова што вие го донесовте не е ниту барок, не е ниту стил во архитектурата. Зошто Собранието го уништивте, зошто побогу сакавте Ибни Пајко да го направите барок? Скопје имал класицизам во 5 или 6 маркантни објекти. Стара железничка е класицизам, не е барок. По земјотресот не сме имале барок традиција. Порано било класицизам, не барок. Во 1963 доаѓа до уништување до 80% од станбениот фонд на нашиот град. По земјотресот, во обновувањето што го прави светската архитектонска и урбанистичка елита, одлучиле ваков град со елементи на класицизам, тоа е брутален стил“, рече Шилегов, на што Трајановски му возврати, такви граби да си прават во нивните градови.

Поранешниот градоначалник му рече на Шилегов дека половина мандат му поминал, а не ја направиле Универзалната сала, на што градоначалникот му реплицираше дека зборува нешто за што не знае и дека можеби Универзалната сала ќе биде направена наредната година.

 

 

Слични содржини