Трајановски повеќе не е заменик на Арсовска: „Со Град Скопје и јавните претпријатија владее екипа од Сарај и ДУИ“

од Nikola Popovski
269 прегледи

Заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски информира дека поднесува оставка од функцијата. Во подолга објава на социјалните мрежи, тој ја објасни причината за ваквата одлука. Информира дека со најголем дел од јавните претрпијатија под капата на градот, раководат кадри на опозициската ДУИ.

-Да ми кажеше некој тогаш дека сето ова го правам за да со град Скопје и јавните претпријатија раководи и владее екипа од Сарај и ДУИ уште веднаш ќе одбиев, истакна меѓу другото Трајановски.

Сега веќе вториот човек во градската скопска администрација исто така истакна:

-Кога се нафатив да бидам заменик градоначалник тогаш градоначалничката наводно беше во битка со партизираните претпријатија. Косана Мазнева која тогаш беше директор на Комунална Хигена влезе во пресметка со екипа која ги тероризираше вработените во претпријатието и ги користеа ресурсите и капацитетите на претпријатието како да е нивна своина. За прв пат директор на јавно претпријатие се осмели да се соочи со овие структури. Косана Мазнева против таа банда херојски се избори и ја отстрани од Комунална Хигиена. За таа победа Косана Мазнева беше наградена со отказ, а денес градоначалничката на Град Скопје токму од таа екипа назначува директори, пишува Трајновски, додавајќи:

-Јас не прифаќам да бидам заменик градоначалник само на Сарај, не прифаќам ниту градот да удоволува само на потребите на екипата од Сарај.

Во продолжение можете да го прочитате целиот Фејсбук статус:

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска стана рекордер во смената на директорите на скопските јавни претпријатија. Како на производна лента, од почетокот на нејзиниот мандат смени повеќе од 30 директори во 11 институции и јавни претпријатија под надлежност на градот.

Слични содржини