Одговорноста за неизвесноста и ситуацијата во која се доведени вработените во ЈСП и граѓаните на Град Скопје е исклучиво кај ВМРО-ДПМНЕ, порача заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски. Според него, политичката незрелост и деструкција која ја демонстрира ВМРО-ДПМНЕ преку својата советничка група во Град Скопје не е ништо друго „освен поигрување со судбините на вработените во ЈСП и граѓаните кои зависат и го користат јавниот превоз во градот“.
-Денес Советот на Град Скопје ќе одржи вонредна седница која патем е втора вонредна седница по ред во новата 2024 година исклучиво поради политичката волја на раководството на ВМРО да предизвика хаос во градот, паника кај вработените во претпријатијата и револт кај граѓаните.
Трагично и несериозно е да се блокира субвенционирање на јавни претпријатија во градот, особено ЈСП кои патем се нормална пракса преку 15 години. Уште потрагично е сега да се кажува дека субвенции не треба да има, а истиот тој што го кажува тоа во минатото во некој друг мандат гласал со две раце, истакна Трајановски.
Додаде дека е „малку перверзно што со претставниците од колицијата “Обнова за Македонија“ во Град Скопје не можеме да звборуваме за обнова на возниот парк и нови автобуси во Скопје“.