Енергетската криза ќе го загрози функционирањето на месо-преработувачките компании во земјава. Во интервју за „Локално“, претседателот на групацијата на месопреработувачи при Стопанската комора на Северна Македонија – Гоце Трајчев алармира дека ситуацијата со енергенсите е директно прашање за опстанок или затворање на домашните капацитети кое единствено може да се надмине со поддршка на владата. Потсетува дека ситуацијата е крајно сериозна бидејќи домашното производство на месо е и онака во крајно незавидна ситуација.
„Стратегиите за развој на сите досегашни влади го уништија домашното проиводство на месо“, вели тој посочувајќи ги како директно погрешни несоодветното субвенционирање и неправилната распределба на земјоделско земјиште на домашните фармери. Според него ситуацијата ја прави уште понеподнослива и фактот дека за разлика од соседството каде стопанските субјекти имаат мерки за поддршка во делот на енергенсите, кај нас овој товар во целост е пренесен на стопанството.
„Државата се фали дека помага на земјоделието но на товар на другите стопански субјекти како што е на пример месопреработувачката индустрија, преку прибирање на царина на увоз на суровина која меснатаиндустриија ја нема доволно од домашните производители. Оваа ситуација ќе стане уште полоша со функционирањето на „Отворен Балкан“, а нашето производство ќе стане уште понеконкурентно, затоа што на пример Србија, има далеку поповолни услови на стопанисување“, алармира Трајчев.
Решенијата ги гледа во соработка со надворешни компании и лон производство.Во спротивно вели Трајчев, домашните капацитети ќе мора да се затворат.
Македонија во изминатите десетина години се соочува со континуирано намалување на производството на говедско месо, живина и овчо месо. Во ситуација кога домашната потрошувачка единствено може да се задоволи со месо од увоз, како приоритено се наметнува прашањето за тоа колку пари се одлеваат за оваа намена?
-Не само во изминтите 10 години,туку уште од осамостојувањето домашното производство има тренд на намалување. Уште попоразително е дека во изминативе 10 години има дополнително и субвенции за истото и секоја Влада се фали со давање на повеќе средства во земјоделството но повторно со негативен резултат. Ова се должи на стратегијата на развој од страна на државата и сите влади досега каде субвенционирањето не е соодветно насочено, погрешни политики на организација, субвенционирање и инфраструктура на селото и фармерите. И на крај неправилната распределба на земјоделското земјиште за потребите на домашните фармери.
Една од тезите е дека ова производство станува се послабо и неконкурентно во споредба со увозните производи. Зошто дојдовме во ситуација месото од регионот и подалеку, да буде поефтино од нашето?
-Оваа ситуација ќе стане уште полоша со функционирањето на „Отворен Балкан“, а нашето производство ќе стане уште понеконкурентно, затоа што пред се ,Србија, има далеку поповолни услови на стопанисување( енергетски, царински, инфраструктура на селото, и секоја година раст на земјоделското производство). Имаме неизедначени услови на стопанисување со соседството од една страна, а од друга страна државата се фали дека помага на земјоделието нона товар на другите стопански субјекти како што е на пример месопреработувачката индустриј
Какви се во оваа ситуација последиците што ги трпат домашните произведувачи на месо и месни производи и какви напори вложуваат за да опстанат на пазарот?
-Последиците се огромни, бидејќи голем дел оди директно во Буџетот и домашните капацитети се неконкурентни во сопствената држава не затоа што не знааат и не умеат туку затоа што државата за својот буџет, зафаќа повеќе од сите држави во соседството. Домашните капацитети имаат нееднакви економски услови на стопанисување директно поради делот кој државата го наплаќа за царина на суровина која и така ја нема во доволни количини од домашните производители. Решенијата се гледаат во соработка со надворешните конкуренти и производство по принципот на лон или затворање на домашните капацитети.
Кризата со корона вирусот натера многу држави во светот да го преиспитаат значењето и улогата на домашното производство во клучните индустрии, како на пример производството на храна, Почнаа да се применуваат разни форми на субвенционирање, пристап до поволни кредити, поголемо учество на домашни производи во набавките на јавните институции. Какви мерки се применуваат кај нас?
Богата е онаа држава што ќе може сама од сопствени ресурси да го прехрани својот народ. Субвенционирањето треба да продолжи и понатаму ,но да биде соодветно насочено и подржано со други аграрни политки ,соодветна распределаба на земјиште на фармерите ,субвенции по остварен резултат ,а не по обем, и слично.
Кај нас многу мал дел од мерките беа правилно и добро насочени за време на кризата. Сега по кризата, нема некои повидни и позначајни мерки туку напротив имаше крајно негативни мерки (како замрзнување на цените,ограничување на маржите што во целост беше на товар на стопанството без да се има некаква поддршка или компензација од страна на државата)
Кои чекори треба приоритетно да бидат преземени и дали во моментов работите на одредена стратегија заедно со Владата?
-За жал и она олеснување што како мерка беше продолжувано наназад четири години за месната индустрија повеќе го немаме, така што не гледаме дека државата има некои приоритети кон домашното стопанство, туку приоритетите се секогаш насочени кон полнење на буџетот. Нон- стоп предлагаме мерки и насоки што сметаме дека ќе дадат резултат, но многу малку наидуваме на разбирање и слух од надлежните.
Колку ситуацијата со енергенсите се одразува врз месопроизводството? Дали цената на електричната енергија значајно влијае во вашата работа?
-Ситуацијата со енергенсите е директно прашање на опстанок или згаснување и затворање на домашните капацитети. Повторно тука се во прашање нееднаквите услови на стопанисување (сите стопански субјекти во соседството имаа мерки со подршка за енергенсите, само кај нас овој товар беше пренесен во целост на стопанството, ниту на сметка на државата ,ниту на сметка на граѓаните).
Предлог закон за измени во царинскататарифа(преточување на досегашните мерки за ослободување на 50% на царина на замрзнато свинско месо наменето за преработка, поднесена до Владата и надлежните министерства пред повеќе месеци.Скратување, олеснување и забрзување на процедурите за инвестирање во обновливи извори на енергија. Доколу и има некаков вид на поддршка или субвенции од државата се некои од предлозите што мислиме дека ќе имаат поволни ефекти и пошироко во целото стопанство.
Статистиката регистрира пад на добиточното производство.Дали земјава може да се доведе во ситуација да остане без оваа индустриска гранка?
-Со досегашните политки и мерки, секако се оди и тоа што побрзо во таа насока. Потребно е итно пренасочување и реорганизација на приоритети на државата кон домашните стопански субјекти и ресурси и нивна подршка.Се додека се оди во насока само да се наполни буџетот а не за развој , трендот ќе продолжи и крајниот резултатат ќе биде згаснување и на оваа гранка.