Трајков: Посветено работиме на решенија, но и Бугарија треба да покаже волја

од Марта Пешевска
27 прегледи

Заменичката министерка за европски прашања, Викторија Трајков, изјави дека Македонија посветено работи на решавање на спорните прашања со Бугарија и дека на висока средба со европската претставничка Каја Калас биле презентирани неколку можни сценарија. Таа истакна дека проблемот е „двонасочна улица“ и дека не може само една страна да покажува иницијатива.

„Не отстапуваме од нашите позиции, но веруваме дека постои простор за компромис – можеби ќе се сретнеме некаде на средина“, рече Трајков, потенцирајќи ја важноста на добрососедските односи.

Во однос на можноста за билатерална средба со бугарската страна на претстојниот НАТО Самит во Хаг, таа не ја исклучи, но нагласи дека Бугарија досега имала цврсти ставови, додека македонската страна останува доследна на она што веќе го имаат изјавено премиерот и претседателката.

Трајков додаде дека и покрај промената на власта, реформската агенда се спроведува со полн интензитет и дека Македонија нема дилема во исполнување на своите обврски кон ЕУ до 2027 година. Изјавата беше дадена пред почетокот на Балканскиот Самит на Алумни „Securing Regional Prosperity through NextGen Leadership“ во Скопје.

Слични содржини