„Комисија за верификација на нарачките“, „Фрустрациска комисија“, „Новинарсвото во ендек“, „ФРИДОМ ХАОС“… – ова беа најзабележителните транспаренти што ги носеа новинарите, кои протестираат против најавено лустрирање на новинари.
Подоцна делегација од Новинарскиот пленум меѓу кои беа новинарите Оливера Трајковска, Борјан Јовановски и Драган Антоновски се сретна со првиот лустратор Аџиев.
“Се’ е според законот е одговорот на Аџиев, одлуката е донесена со надгласување. Потврдата дека никогаш не постоел никаков телефонски повик или списоци и дека ние не сме исклучок во работата на комисијата за лустрација – не знам дали да предизвикува наше смеење или нова загриженост дека списокот е некаде пред вратата и еден по еден ќе се отвораат досиејата, така како што некој предвидел во некакво тефтерче за лустрирање на новинарите, рече Трајковска.”- изјави новинарката Оливера Трајковска,
Аџиев потврдил дека одлуката за Костова е донесена со надгласување, но објаснил дека е нормално тоа што за некои фактите се факти, а за некои други не се.
Трајковска оцени дека станува збор за уште еден удар врз неделникот „Фокус“, но и за обид да се дискредитира емисијата „Без наслов, но со повод“, за која таа рече дека е најдоброто нешто што е произведено од МТВ во 90-тите години.
