Трајковски: Бугарија нѐ смета за фаворит, тоа мораме да го докажеме

од Nikola Popovski
267 прегледи

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за нов успешен фудбалски циклус, a учеството во новата Лига на нации го започнува со гостување во Бугарија.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски вторпат по ред сонуваат за пласман на ЕП, а тоа може да се случи со преку циклусот натрепвари кој стартува неделава.

Во нашата група, покрај Бугарима се и селекциите на Грузија и Гибралтар. Нашата средба со нашите источни соседи е во четврток во 19 часот во „Хувефарма Арена“ во Разград.

„Мораме да бидеме максимално фокусирани и да го дадеме максимумот од себе. Знаеме како е да се пласираш на ЕП. Сакаме да го повториме тој успех. Ќе биде тешко бидејќи ќе играме на секои три дена, но имаме доволно играчи. Бугарија нѐ смета за фаворит поради тоа што го направивме, но со резултат мораме да покажеме дека ги заслужуваме овие комплименти“, изјави херојот на мечот со Италија, Александар Трајковски.

Слични содржини