Откако судењето за „Насилство во општина Центар“ почна од почеток, судијата Душан Јосифов повторно бараше од обвинетите да си го потврдат идентитетот.
Обвинетитетот Александар Трајковски, кој минатата година како вработен во царина зеде боледување за да го посети избеганиот експремиер Никола Груевски во Будимпешта, кажа дека за разлика од денот на поднесување на обвинението пред три години, сега бил невработен. Откако царината поведе дисциплинска постапка, бидејќи боледувањето го земал за да се шета, тој останал без работа.
Дека е без работа се пожали и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој рече дека не можел да биде вработен зошто една година е во притвор. Тој исто така додаде дека сите документи му се во судот. Меѓу обвинетите има и лица кои имаат промени во личните карти, но и такви кои се ожениле и добиле дете.
На денешното рочиште, судијата Јосифов го врати случајот од почеток бидејќи од минатото до денешното рочиште поминале повеќе од 90 дена.