293
Согласно статутот на НСДП јас во одредениот рок ја поднесов кандидатурата според правилата на ЦО. Мисовски имаше околу 26 номинаци, јас околу 23 што значи дека имав поддршка од челновите, вели Кристијан Трајковски, организациски секретар на партијата и актуелен директор – АДСДП на РСМ во „Студио 10“ во врска со изборот на новиот наследник на Тито Петковски.
-Петковски ќе остави силен траг врз партијата, тој беше оној кој не мотивираше во партијата и она што го работевме во НСДП. Не верувам дека Петковски има лични амбиции да каже кој би сакал да го наследи, вели Трајковски.
Тој потенцираше дека сите во пратијата се во добри односи и дека нема недоразбирање со Горан Мисовски.