Трајковски: Невистина е дека ја повлекувам мојата кандидатура за прв човек на НСДП

од Vladimir Zorba
307 прегледи

„Секое кандидирање и евентуално повлекување на кандидатура е лично право на Кандидатот. Информирањето на јавноста во мое име, од страна на други членови на НСДП го сметам за манипулативно, неетичко и крајно дискредитирачко и дезинформирачко“, реагира Кристијан Трајковски, Организациски Секретар на НСДП на информациите дека ја повлекол својата кандидатура за прв човек на партијата. 

Тој вели дека ваквата постапка го поттикнува уште посилно да продолжи во борбата за „слободна и демократска НСДП“.

„На 4 јуни, на Петтиот Конгрес на партијата, согласно Статутот на партијата, ќе се самокандидирам за иден претседател на НСДП, а информациите за повлекување на мојата кандидатура се невистинити.

Нема да дозволам да ја изневерам довербата на членовите на НСДП, како и нивната искрена желба за деморкатски промени во партијата и воедно ги повикувам сите делегати и членови на 4 Јуни да постапат согласно сопствеото убедување, волја и морал и да имаме вистински демократски конгрес кој на крајот ќе не обедини во водењето на партијата“, се додава во реакцијата.

Слични содржини