Бројките ќе продолжат да растат во наредните 15 денови, меѓутоа пренесливоста на вирусот почнува да се намалува, вели професорот Дејан Трајковски кој се занимава со статистиката на ковид-случаи во земјава.
Според него, пренесливоста се мерки преку ефективноста на репродукцискиот број и факторите на растот кои што во последно време почнуваат да се намалуваат.
-Моментално факторот на раст е околу 1,08 што значи дека во просек бројките растат за околу 8 % во однос на претходниот ден. Моментално седумдневниот просек изнесува околу 947 случаи, што во деновите на врвот ќе достигне и некаде околу 1550, додека максималниот дневни броеви ќе бидат меѓу 1800 и 2100 случаи. Максимумот на дневниот број случау се очекува околу 3-ти септември, додека максимумот на активните случаи ќе биде достигнат најрано околу 10-ти септември, информира Трајковски во интервју за Канал 5 ТВ.