Трајковски: Трговците на мало не ја сфатиле сериозно одлуката на Владата, опфатени се и бурекџилниците

од Nikola Popovski
67 прегледи

Вработени во Државниот пазарен инспекторат ќе ловат прекршувања на новата владина мерка и неприлагодување на цените. На терен се околу 120 инспектори на целата територија на државата. Првиот човек на ДПИ, Горан Трајковски синоќа видел дека „трговците на мало не си ја сфатиле најсериозна одлуката на Владата“. Вели дека казните се високи од 2000 до 10 илјади евра.

-Граѓаните се жалат од нас дека одредени продукти кои се во одлуката, не се намалени. Одлуката се базира на бруто-профитна маржа од 10% кај трговците на мало и трговците на големо. Ако претходно трговецот на мало одел на бруто-профитна маржа од 6%, тој нема обврска производот да го намали дополнително. Има трговци кои ги зголемиле и над 10%, но има и кои ги задржале цените, рече Трајковски на прес-конференција.

Според директорот на ДПИ, со одлуката се опфатени и бурекџилниците и тоа по Законот за трговија, член 3. Како што истакна тој, денеска се контролираат големите маркети низ Македонија, од утре малите продажни објекти и бурекџилниците, а од задутре трговијата на големо.

-Ќе провериме дали во изминатиот период се покачиле цените, но тоа нас не ни менува ништо, со оглед дека се работи за бруто-профит од 10%. Трговците на мало сега имаат залихи од тие влезни фактури од трговците на големо и треба да ги потрошат. Од новите залихи да видиме дали и тие ги применуваат, одговори Трајковски.

Слични содржини