Трајковски: Во текот на септември можеме да очекуваме над 100 нови ковид случаи дневно

од Берта Китинска
300 прегледи

Продолжува очекуваното експоненцијално намалување на дневните броеви на нови случаи, после максимумот постигнат на преминот од јули во август (на дијаграмот на првата слика).Всушност, неприродното вдлабнување на зелената линија (седумдневната подвижна средина) во првите денови на август, кажува дека максимумот најверојатно се случил токму за време на празникот, но малиот број на тестирања поради големата раздвиженост на населението тоа не го потврдил, стои во новата ковид анализа на проф.Дејан Трајковски.

Тој најавува дека во зима можно е бројот на заразени со ковид да се зголеми.

-Во текот на целиот месец септември можеме да очекуваме над 100 нови случаи дневно. Во подоцнежните есенски месеци можно е бројките да престанат да се намалуваат, а со доаѓањето на зимата или со пристигнувањето на подсојот BA2.75 на омикрон сојот, бројките во ноември или декември можат одново да започнат да растат. Се чини дека сме навлезени во деценија на корона вируси, па иако се очекува смртноста да се намалува, секоја година по еднаш или два пати можеби ќе гледаме помали или поголеми бранови на нови случаи, пишува Трајковски.

Во целост ви ја претставуваме анализата:

Слични содржини