Трамп: Агентите на ФБИ ми украдоа три пасоши

од Stefanija Kuzmanovska
200 прегледи

Агентите на Федералното биро за истраги (ФБИ) заплениле три пасоши на поранешниот американски претседател Доналд Трамп при претрес на неговиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида.

Ова го напиша екс-претседателот на САД на социјалните мрежи:

„За време на рацијата на ФБИ, ми украдоа три пасоши (еден истечен). Покрај се друго“.

Трамп сето она што се случи го нарече „напад врз политички противник од размери досега невидени во САД“.

„Фокс њуз“ објави дека претставници на ФБИ и Министерството за домашна безбедност велат дека се соочуваат со нагло зголемување на заканите против нив.

„Волстрит журнал“ објави дека ФБИ пронашол 11 комплети доверливи документи во Мар-а-Лаго.

„Њујорк тајмс“ тврди дека Трамп е осомничен за незаконско користење воени информации, крадење и уништување документи. Наводно и за кршење на Законот за шпионажа.

Слични содржини